Сабота, 25 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk

Култура

  • Наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ доделена на Аљуш Камбери и Тони Димков

    Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2016 година, на годинашните лауреати Аљуш Камбери – за публицистика и на Тони Димков – за новинарство.

  • Почнува фестивалот за критичка култура - КРИК

    Со проекција на документарниот германски филм „Аустерлиц“ на Сергеј Лозница, вечер, во Кинотеката на Македонија, почнува Фестивалот за критичка култура – КРИК.

  • Заев и странските служби во Вевчани

    Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Вевчани со комбето на странските служби. Ова е една од маските на годинешниот Вевчанскиот карневал. Останатите највпечатливи маски се професорката Тања Каракамишева, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тимот, тајната фабрика за лични карти и милитантната терористичка организација Вевчански – ИСИС.

  • Денови во чест на Кочо Рацин

    На денешен ден е роден македонскиот книжевен деец Коста Солев Рацин (1908 – 1943), еден од најистакнатите македонски интелектуалци и поети во периодот помеѓу двете светски војни.

  • Македонската компанија FХ3Х работеше на 11 филма во трката за Оскар

    Ова е најуспешна година досега за за македонската компанија за визуелни ефекти ФХ3Х која годинава ќе учествува во 11 од вкупно 20 филма кои се најдоа на пошироката листа за Оскарот 2015-та.

  • Кастинг во Струмица и Скопје за филмот под работен наслов „Златна петорка“

    Долгометражниот игран филм под работен наслов „Златна петорка" поддржан од Агенцијата за филм на РМ влегува во фаза на продукција.

  • Документарец за „Мизар“ (Видео)

    Краткометражниот документарен филм „Мизар - ѕвезда на надежта“ е филм на Марко Џамбазоски, студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата за Филмска и ТВ монтажа, а и самиот е музичар во алтернативниот рок бенд Визија.

  • Почина Благоја Спиркоски-Џумерко

    Благоја Спиркоски-Џумерко, славниот македонски актер, почина на возраст од 69 години.

  • Филмови од програмата „Глобална фикција“ на втората вечер од „Астерфест“

    Под мотото „Еден филм насекаде, сите на Астерфест“ синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ почна единаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Фестивалот за отворен го прогласи Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.

  • Монструозен „културен“ чин во Вевчани

    Љубители на животни (меѓу кои и малолетни деца!) ни пишаа за случката на која биле сведоци. Имено, денес на карневалот во Вевчани, неколку момчиња на околу 20 години на стап имале наденато куче (најверојатно хаска или германски овчар кое било испуштено и кое било хрането од лица љубители на животни) и го удирале, и тоа не само тие, туку кој ќе стигнел. Кучето било мртво (не се знае дали како резултат на овој морбиден чин или претходно било мртво), за на крај да го фрлат во огнот. Исто така, сведоците ни потврдија дека и живи кокошки биле бодени на вили и усмртувани, објави здружението за заштита на животните Анималиа од Охрид.

  • Наградените филмови од Астерфест на Скопско лето

    Традиционално, по десетти пат, во петок (25 јули) со почеток во 21 часот, на платото пред Универзалната сала, како дел од програмата на овогодишното Скопско лето, ќе биде прикажана ревија на наградени филмови од последниот Интернационален филмски фестивал Астерфест.

  • Успешен завршеток на јубилејниот Астерфест

    Викендот во Струмица заврши јубилејното десетто издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ којшто се одржа под мотото „Ново и старо“.

  • Астерфест: „Златна потковица“ за Измет врз бедата

    Официјалното жири во состав Биргит Стаубер, Желимир Гвардиол и Стефан Шашков, ги додели наградите на филмскиот фестивал „Астерфест“, кој годинава го одбележа својот јубилеј.

  • Оскаровецот „Хелиум“ го отвори „Астерфест“

    Се започна срамежливо,  а денеска  се заокружува еден концепт кој е интересен не само во македонски туку и во странски рамки. Со постоењето на струмичкиот „Астерфест“ се затвори филмскиот триаголник во Македонија, се воспостави некоја трета катета, рече Горан Тренчoвски, менаџер и втемелувач на филмскиот фестивал, парафразирајќи го Благоја Куновски во однос на рангирањето на овој фестивал.

  • Писмото на Ориѓански ги поттикна надлежните да ја посетат Вања Лазарова

    По критиките изнесени во медиумите и отвореното писмо на Златко Ориѓански, министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска денеска ја посети легендарната пејачка Вања Лазарова во Домот за стари лица „Милица“.

1 / 7