Понеделник, 19 Февруари 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ново поскапување на горивата од полноќ

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 67,50 денари за литар, на „евросупер БС-98“ – 69,50 денари, а на „евродизел (Д-Е V)“ – 60,50 денари за литар.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство исто така ќе се зголеми еден денар – 49 денари за литар.