Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Пазарџиите ќе работат со лиценца, нема фискализација

Нема да има фискализација на за зелените пазари сѐ до влезот на Македонија во Европската унија, ќе се регистрираат со лиценци од Комората на трговци, а не преку Централниот регистар. Ова е предвидено со новиот закон што ќе ја регулира оваа дејност.

Од Комората на пазарџии, која ќе ги издава лиценците велат дека на овој начин ќе се решат голем број од проблемите со кои се соочуваше оваа категорија граѓани во изминатите години. Според нив, бенефит ќе има и државата. Пазарџиите, за придонеси за здравствено и пензиско осигурување ќе плаќаат исто колку што плаќаат и индивидуалните земјоделци. Цената на задолжителната лиценца за пазарџиите ќе се утврдува оваа недела во соработка со министерствата за економија и за финансии.

За да добијат лиценца, пазарџиите треба да докажат дека поседуваат тезга под закуп. Врз основа на тој договор што го имаат со организаторот на пазарот,  Комората на трговци ќе го издаде документот.

Лиценцата ќе биде со важност од една година. Доколку не се обнови, тезгаџијата ќе биде избришан како имател на тезга.