Среда, 20 Јуни 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Кој беше лидерот на косовскиоте Срби, Оливер Ивановиќ (Видео)

 

Непознати напаѓачи пукаа денеска во Оливер Ивановиќ, водач на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија и правда“ во Косовска Митровица, по што тој почина во болницата. Ивановиќ важи за умерен лидер на косовските Срби, а атентатот врз него најверојатно ќе има негативни последици за Белград и Приштина, како и ситуацијата во Косово.

Оливер Ивановиќ е роден во 1953 година во Ржниќ, Косово, а во младоста за време на студиите на Воената академија, тренирал боречки вештини, (црн појас во карате) . Поради оштетување на видот, ја напуштил третата година од студирањето и завршил машинското инженерство во Митровица, Косово. Потоа дипломирал и на Економскиот факултет во Приштина. Ивановиќ има три сина од неговата сопруга Милена.


Политички се ангажира во 1999 година

Ја продолжил кариерата во карате и има освоено бројни награди, а исто така ги научил странските јазици - англиски, италијански и албански. Работел како директор во косовските компании за време на социјализмот и не се занимавал со политика. Неговата политичка кариера започнува во 1999 година, кога на покана од неговите соседи од српска националност, кои мислиле дека „знае да разговара со странците“, се уклучил во локалниот политички живот во Косовска Митровица.

Ал Џезира Балкан вели дека Ивановиќ набрзо станал едн од клучните фигури на новоформираниот Српски национален совет за северно Косово, но по две години бил отпуштен. Потоа станал член на Координативниот центар за Косово, за чија формација се залагал. Истата година на парламентарните избори, беше избран за пратеник во Собранието на Косово. Фактот што бил за излегување на косовските Срби на изборите добил многу критики. За многумина бил „премногу флексибилен“ во контактите со меѓународната заедница и носењто на еднострани одлуки.

Близок до Демократската партија на Борис Тадиќ


За време на владеењето на Демократската партија, 2008-2012, е државен секретар во Министерството за Косово и Метохија, помагајќи да се реши проблемот на косовските Срби. Ивановиќ се опишува како прагматичен политичар, но често неодлучен во носење на одлуки.


Најголемата дамка на неговата кариера е тужбата за за вмешаност во криминал во април 1999 година, кога на северниот или српски дел на Косовска Митровица загинуваат триесет Албанци. Со години се зборува дека во овие злосторства е лично вклучен Ивановиќ, кој е обвинет во 2014 година со уште неколку косовски Срби. Судењето започна во декември 2014 година, од кои 12 месеци Ивановиќ поминува во притвор. Во август 2015 година, започнува со  штрајк со глад, а една недела подоцна поради лошата здравствена состојба е префрлен во болница.


На почетокот на 2016 година, тој беше осуден на девет години затвор за наводно извршување на воени злосторства против косовските Албанци како командант на српските паравоени форми во 2000 година. Во февруари минатата година, судот во Митровица донесе одлука затворот да биде заменет со домашен притвор. Таквата пресуда била повторно поништена и случајот бил вратен на повторно судење.


Но, последиците од судските пресуди за Ивановиќ ќе значат  целосно одалечување од политички ангажман - иако од затвор се кандидирал на локалните избори во Митровица, по што косовските Срби ќе изгубат еден од умерените водачи, кои не се согласуваат со Александар Вучиќ и СНС.

Се очекува атентатот врз Оливер Ивановиќ да предизвика разни тензии, но многу ќе зависи од тоа дали локалната полиција ќе успее да го најде убиецот.

Извор: Индекс