Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Шешељ ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Воислав Шешeљ, денеска дојде пред зградата на Специјалниот суд во Белгарад и во присуство на неговите поддржувачи ги запали знамиња на ЕУ и НАТО, јавуваат српските медиуми.

Шешељ денеска требаше да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, каде на 31 март треба да му биде изречена првостепена пресуда, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини.

Шешељ пред новинарите изјави дека сослушувањето е откажано бидејќи Советот на Меѓународниот суд во Хаг не испратил одговор на барањето на Србија за одредени процедурални прашања.

„Едвај чекам рочиштето повторно да биде закажано за да им објаснам од кои правни причини не може да бидам предаден на Хашкиот трибунал“, истакна лидерот на српските радикали.

Тој смета дека Србија повеќе не е назависна по потпишувањето на договорот со НАТО и дека затоа, во знак на протест, ги запалил знамињата на ЕУ и НАТО.

Зголемено е присуството на полицијата пред зградата на судот.