Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Борисов добил писмо со куршум и заканувачка порака

Бугарските медиуми јавија дека до канцеларијата на Владата пристигнало анонимно писмо со фотографија на премиерот Бојко Борисов, куршум и заканувачка порака.

На прашање на новинарите, дали навистина добил вакво писмо, Борисов одговорил дека е нормално да добива закани, затоа што во борбата против корупцијата владата пресекла шверцерски канал, поради што државата собрала 1,5 милијарди евра повеќе. Исто така, вели Борисов, стопирани се и јавни набавки во вредност од 900 милиони евра.

Премиерот истакнува дека ова не е прва закана, ниту последна, како и дека не е најсериозната која ја добил.