Сабота, 25 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Судир меѓу земјоделците и полицијата во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера земјоделци, кои претпладнево фрлаа камења врз зградата на Министерството за земјоделство во центарот на Атина.

 

 

Земјоделците  денеска се собираат во Атина на голем протест кој ќе трае цел ден, а треба да почне денеска попладне. Како што јави допсиникот на МИА од Атина, со протестот тие го искажуваат своето несогласување со плановите на Владата за зголемување на пензиските придонеси и даноци.

Околу 800 земјоделци од Крит, најголемиот остров во Грција, денеска се судрија со полицајците, кои го обезбедуваат влезот во Министерството за земјоделство, фрлајќи камења и кршејќи ги прозорците.

– Земјоделците се обидоа да ги истуркаат полицајците од пред влезот на Министерството. Полицијата употреби солзавец за да ги запре, изјави официјален претставник на полицијата.