Понеделник, 11 Декември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Јапонците направија егзоскелет кој на луѓето им дава натчовечка сила

ХАЛ 5 е целотелесен егзоскелет за раце, нозе и торзо, кој на својот оператор му дава сила да дига и пренесува работи кои се со околу пет пати поголема тежина.

(Hybrid Assistive Limb) или скратено ХАЛ, е егзоскелет на електрична енергија, кој моментално го развива Универзитетот Цукуба во Јапонија и кој е дизајниран за да ги прошири и унапреди физичките способности на корисникот, посебно на луѓето со физички инвалидитет.

Моментално постојат два прототипови на овој уред: ХАЛ 3, кој поседува поголем серво мотор и само една ножна функција, и ХАЛ 5, кој е целотелесен егзоскелет за раце нозе и торзо, способен да му овозможи на корисникот да подига и пренесува работи кои се со пет пати поголема тежина од онаа која што инаку би можел да ја подигне.

ХАЛ е посебно дизајниран за помош на телесно дисфункционални и стари луѓе во извршувањето на секојдневните активности или на било кого кој треба да извршува работи кои бараат голема физичка сила, како на пример во градежништвото.

Некои шпекулираат дека ХАЛ би можел да се употреби и во борбени цели, за да се зголеми издржливоста, брзината и силата на војниците, посебно на ранетите во војна.