Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Како ќе изгледа светот за 100 години?

Научниците објавија предвидувања како би можел да изгледа светот во 2116 година.

Огромни висококатници, подводни градови и куќи во 3Д резолуции ќе бидат реалност за само 100 години, пишува во извештајот „Smart Things Future Living“ кој го нарачала компанијата Smart Things, а во чија изработка учествувале група научници и футуролози.

Експертите, меѓу кои има и архитекти и урбанисти, претставиле „градови – балони“, кои би требало да се наоѓаат под море, а мислат дека личните дронови ќе станат превозно средство.

Д-р Меги Едернин Покок, во извештајот пишува: „Нашите денешни животи се речиси непрепознатливи ако ги споредите со оние пред 100 години. Интернетот во целост ја промени нашата комуникација, начинот на учење и контролирата на нашите животи. Пред 10 години, технологијата како Smart Things би била незамислива, а денес ваквиот развој ни овозможува да го надгледуваме, контролираме и да го обезбедиме својот животен простор со помош на еден допир на смартфонот“.

Во извештајот се наведува дека во иднина ќе можеме да печатиме мебел, но и цела куќа. Сите ќе имаат виртуелни деловни состаноци со помош на холограми, а луѓето ќе можат да „печатат“ дури и храна.

Се предвидува колонизиација на Месечината и на Марс, како и секојдневни патувања во вселената.