Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Застрашувачки или кул: Како ќе ја дочекаме Новата 2026 година?

На дочекот на Новата 2026 година ќе можеме да се возиме со такси без возач, а утрото по дочекот домот ќе биде чист и уреден бидејќи ќе го исчистат роботи, а првото утринско кафе би можел да ни го донесе дрон. Ако некој претера со алкохол, во брзата помош би можеле да го прегледаат дежурни роботи – лекари... Секако, сето тоа во случај ако се остварат предвидувањата на британските научници, кои и не делуваат толку нереално.

Во следните десет години ќе разговараме со нашите компјутери како да се луѓе, доставата на храна на домашна адреса ќе ја извршуваат дронови, пишува Daily Mail.

Роботи ќе работат во болниците, ќе им помагаат на лекарите во текот на операциите и ќе „учат“ да ги чистат салите, па дури и да им прават друштво на корисниците на домовите за стари и немоќни лица. Ќе можат да „живеат“ со старите луѓе и да им помагат во секојдневните работи, како во земањето лекови, готвење и чистење, а на членовите на нивните семејства ќе можат да им јават доколку се појават евентуални проблеми поврзани со нивната болест.

Експертите тврдат дека технологијата која сега ја користиме на мобилните телефони и другите „паметни“ уреди толку ќе напредува што драматично ќе влијае на секојдневниот живот. Фил Вилијамс, британски државен советник за роботика, вели дека компаниите како Google, Apple и Uber вложуваат милионски износи во оваа технологија и дека набргу таа ќе стане реалност.

Меѓу првите би требало да бидат воведени дронови доставувачи, кои на куќниот праг на граѓаните ќе им доставуваат полесни пакети, како и лекови и храна во некои непристапни подрачја. Тоа особено ќе биде корисно во отсечените места во текот на природни катастрофи. Google веќе успешно ги тестира во одредени делови на Австралија.