Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Бура над океанот: Фотографија која го одзема здивот

Двата тајфуни кои вчера биле формирани над Пацификот, изгледаат апсолутно феноменално, посебно кога ќе се погледнат сателитските снимки.

Јапонскиот метеоролшки сателит Himawari-8 направил прекрасни фотографии на супер тајфунот Атсани и тајфунот Гони во моментот кога биле формирани над Пацификот и кога почнуваат да добиваат на интензитет.

Според моменталните прогнози супер тајфунот Атсани ќе се движи кон Јапонија, но пред самото јапонско копне ќе скрене. Од друга страна, Гони веројатно ќе го погоди Тајван, како и јапонскиот остров Шикоку кој оваа година беше погоден од слични бури.

Според извештаите на метеоролозите, тајфунот Гони предизвикува ветрови кои се движат со брзина од 132 километри на час, додека супер тајфунот Атсани носи ветрови со брзина од 155 метри на час.


Можеби ќе ве интересира