Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Подготвени за новиот Фејсбук Тајмлајн?

Најпопуларната социјална мрежа почна на корисниците од Нов Зеланд да го поставува новиот тајмлајн профил под назив „Single column Timeline“.

Новиот тајмлајн во една колона акцентот го става на комуникацијата помеѓу пријателите и остава повеќе место за пораки и статуси. Лајковите и фотографиите се сместени на десната страна која зазема значително помалку простор.

На врвот од профил страната веќе не се наоѓаат фотографии од некои ваши пријатели, како ниту страните кои сте ги лајкнувале, а тие се заменети со регуларно мени, кое сега овие податоци ги покажува на попрегледен начин.

На профил страната сега се појавува и менито „More“, кое ви овозможува да ги видите останатите активности, меѓу кои се мапи, филмови, серии и музика. Постои можност и за вметнување на ваши апликации, како Инстаграм или одредени игри.

На десната страна од профилот сега можете да ги видите исклучиво сегашните активности, фотографии на своите пријатели, како и други новости кои не вклучуваат пораки на ѕидот. Новиот дизајн исто така не дозволува објавите за важните настани во вашиот живот да се прошират преку целата должина на ѕидот. А од профил страната е тргнат и статусот на врската, што ни говори дека Фејсбук сериозно почнал да размислува за приватноста на своите корисници.