Четврток, 26 Април 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Фејсбук најави драстични промени

Фејсбук наскоро ќе го промени начинот на прикажување вести. Помалку ќе ги прикажува  натписите од компаниите, брендовите и медиумите, а повеќе ќе ја нагласува содржината која ги поттикнува разговорите меѓу семејството и пријателите, објасни главниот извршен директор Марк Цукерберг на неговата страница.

Промените ќе стапат на сила во текот на следните недели.

„Добивме повратна информација од нашата заедница дека јавните содржини – објавите кои ги промовираат компаниите, брендовите и медиумите, ги пропуштаат личните моменти кои водат кон поголемо поврзување на едни со други”, напиша Цукерберг.

Тој нагласува дека заедно со неговиот тим чувствуваат одговорност да се осигураат дека Фејсбук е добар за луѓето.

„Доколку треба да биде промовирана јавна содржина, ќе мора да има за цел да ја поттикне интеракцијата во заедницата, како што се случува во тесно поврзаните групи кои разговараат за телевизиските програми и спортот“, објаснува Цукерберг.

Со промената всушност ќе се прикажува повеќе од она што го споделуваат нашите пријатели, отколку компаниите или огласувачите кои ги следиме.

„Со овие промени, очекувам времето што луѓето го поминуваат на Фејсбук да биде многу повредено”, додава Цукерберг.