Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Viber: Не наседнувајте на пораките, нашите услуги се бесплатни

Услугата на интернет апликацијата Viber и понатаму е бесплатна и пораката која корисниците ја добиваат за наплата на услугата не потекнува од нас, соопшти денеска компанијата за Централна и Источна Европа.

„Viber им овозможува на сите свои корисници ширум светот да бидат во контакт, бесплатно. Разменувајте пораки, разговарајте, уживајте во игрите и разменувајте различни содржини со пријателите и членовите на семејството, каде и да се – без ограничувања“, стои во соопштението.

Корисниците на Viber вчера примиле спам порака, со предупредување дека компанијата од оваа седмица ќе почне да ги наплаќа своите услуги. Со пораката е испратено и барање примачот да ја испрати истата кон што поголем број од своите контакти со иста содржина.

По тој повод, компанијата за Централна и Источна Европа објави дека информациите во таа порака се од малициозна природа и дека не потекнуваат од нив. Над 664 милиони корисници ширум светот ја употребуваат оваа комуникациска платформа. Viber може да се користи на паметните мобилни телефони и на таблетите.