Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Одлични апликации за обработка на фотографии

Апликациите кои ги претставуваме не се нови, постојат подолго време, но можеби не сте слушнале за нив. Време е да почнете да ги користите за да ги разубавите своите празнични и сите останати драги фотографии.

Тоа се VSCO (iOS или Android), Snapseed (iOS или Android), PicsArt (iOS или Android или Windows Phone) и PhotoFunia (iOS или Android или Windows Phone). Која и да ја изберете, лесно ќе ги истакнете своите фотографии со некои од нивните одлични опции за разубавување, доработка и монтирање. Ви истакнуваме неколку совети:

-Користете опција за промена на светлото

-Користете опција за изострување

-Направете колаж од повеќе фотографии

-Употребете замаглување на некои делови од фотографијата за да истакнете други

-Снимете ги фотографиите во формат кој е погоден за Инстаграм, Твитер или Фејсбук

-Истакнете го лицето на личноста на фотографијата со осветлување на тие делови

-Немојте премногу да ги средувате фотографиите (ќе бидат со неприроден изглед).