Сабота, 25 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ова го чекавме: Наполнете го мобилниот за само 30 секунди

Ако имате смартфон веројатно го знаете чувството на фрустрација кое се јавува во моментот кога набрзина го напуштате домот и сфаќате дека уредот ви е речиси празен.

Израелскиот StoreDot има решение за вашите проблеми. Компанијата тврди дека создале батерија која може да се наполни за само 30 секунди и тоа во случаи кога батеријата е целосно празна.

Нивниот изум е претставен на Microsoft Think Next во Тел Авив, но до конечниот производ ќе морате да се стрпите, бидејќи на пазарот би требало да се појави во 2016 година.