Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Еве што се го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар

Крвните згрутчувања можат да предизвикаат низа големи и опасни проблеми – од венска тромбоза кога згрутчувањето ќе се создаде во ногата, до белодробна емболија кога згрутчувањето ќе заврши во белите дробови. Секој од проблемите со згрутчување на крвта е потенцијално смртоносен, а следуваат и низа лоши навики и неизбежни ситуации кои дополнително ја зголемуваат шансата за нивно создавање.

Недоволно движење

Ако деновите ги поминувате во седечка положба, без разлика дали е тоа во возило или пред компјутер, ја зголемувате шансата за добивање тромбоза. Важно е да станувате на секој половина час за да го зголемите протокот на венската крв. Дури и самото протегнување и масажа на стапалата помагаат.

Бременост

За жал, бременоста предизвикува вишок естроген во женското тело, што може да доведе до зголемување на згрутчувањето во крвта. Бременоста дополнително ги оптоварува нозете на жените, па и вените во нив. Ризикот од крвно згрутчување зголемен е дури и до шест недели по раѓањето.

Како и во претходниот пример, важно е да се движите – без разлика дали се работи за јога, прошетка или некоја друга вежба.

Висина и тежина

Преголемата телесна тежина го зголемува ризикот од венска тромбоза поради недостаток од активност и лоша циркулација на крвта. Меѓутоа и висината може да биде проблем. Жените повисоки од 168 сантиметри и мажите повисоки од 183 сантиметри исто така имаат поголема шанса за тој проблем.

Неправилно работење на срцето

Многу луѓе воопшто не знаат дека имаат проблем со срцето со оглед на тоа дека не постојат симптоми, но сепак тој здравствен проблем ја зголемува шансата од создавање на крвно згрутчување. Тоа се случува бидејќи нерамномерната работа на срцето не успева да ја однесе целата крв таму каде што треба да оди, па почнува да се собира во горната срцева комора, каде што може да дојде до згрутчување. Тој вид згрутчување има шанси да отиде во мозокот и да предизвика удар.

Контрацепциски апчиња

Естрогенот и прогестеронот во некои апчиња за контрацепција понекогаш можат да предизвикаат згрутчување на крвта и некои хормонски терапии. Најпаметно е да се посоветувате со вашиот гинеколог.

Рак

Како да не е доволен сам по себе, ракот уште и ја зголемува шансата за создавање крвно згрутчување. Секако, тоа не се случува кај секој вид на рак, туку кај пациентите кои имаат рак на мозокот, јајниците, дебелото црево, желудникот, белите дробови или бубрезите. Некои видови хемотерапии или лекови за спречување на ракот исто така можат да ја зголемат шансата за згрутчување на крвта.

Пушење

Хемиските соединенија во цигарите можат да предизвикаат штета на крвните садови, а тоа ја зголемува можноста од појава на тромбоза. Затоа, најпаметно е да се обидете да ставите крај на оваа штетна навика.

Хируршки зафати

Сите операции, а посебно оние на колковите, во долниот дел на стомакот или нозете, ја зголемуваат шансата за создавање на крвно згрутчување. Дел од проблемот е недоволното движење, но дополнителен проблем овде е и раната која ја зголемува можноста за повреда на крвните садови.

Возраст

Тромбоза може да се случи било кога, но колку сте постари, толку шансата е поголема. Ако имате повеќе од 60 години ризикот е поголем – секоја 1000-та личност има по едно згрутчување годишно. По 70-та година, бројот на згрутчувања во просек се зголемува на пет годишно.

Семејна историја на болеста

Некои здравствени проблеми се наследни. Меѓу нив постојат неколку кои ја зголемуваат можноста од создавање на згрутчување на крвта. Таквите наследни болести главно стануваат проблем само во комбинација со некои од претходно наведените фактори.

Недостатокот на протеините Ц и С исто така го зголемуваат ризикот од крвно згрутчување.