Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Шефовите на државите живеат и до три години помалку од очекуваното

Претседателите и премиерите на државите можеби имаат големи привилегии во текот на извршувањето на своите функции, но плаќаат и висока цена: стареат побргу, а стресот на работата може да им го скрати животот и до три години, стои во заклучоците на истражувањето објавено во Британскиот медицински магазин (BMJ).

Докторите анализирале колку живееле 279 претседатели и премиери на 17 земји, меѓу кои и на Британија, Канада, Франција и САД по завршувањето на мандатот, а во споредба со кандидатите кои изгубиле на изборите.

Истражувачите исто така споредиле колку изнесува животниот век на шефовите на државите наспроти животните очекувања за луѓе на исти години и ист пол.

Заклучокот е дека бившите водачи живеат речиси три години помалку од очекуваното.

„Шефовите на државите најверојатно чувствуваат дека националните приоритети се поважни од здравата исхрана и вежбањето“, вели еден од авторите на студијата, доктор Анупам Јен од Универзитетот Харвард.

Тој додава дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, признал дека често јадел брза храна.

„Можеби неговиот начин на живот би бил поинаков доколку постои мир во светот“, вели Јен.

По истекот на мандатот Клинтон имал операција на срцето, а изгубил и неколку килограми и станал веган за да се бори со болеста на срцето.

Дури и сегашниот претседател на САД, Барак Обама, неодамна се пошегува со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој речиси десет години е помлад од него, за тоа како врховните политички позиции би можеле да го забрзат процесот на стареење и затоа го советуваше „да ја обои косата за да не му се појават бели влакна“.