Четврток, 21 Јуни 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ноќевање на овој остров чини 45.000 долари

Одморалиштето Коко Прајв на Малдивите е фантастично место за уживање во луксуз и одмор, а тоа задоволство изнесува 45.000 долари за ноќ. Станува збор за приватен остров кој нуди бегство од секојдневието.

На островот работат триесет луѓе, кои се грижат за се што им е потребно на гостите.

Туристите на островот доаѓаат со приватна луксузна јахта, директно од аеродромот, а ги чека подрум со вино, бар со коктели, теретана на отворено и внатрешна теретана, базен со должина од 40 метри и многу други работи.

Исто така, на гостите на располагање им е и приватен готвач, кој подготвува храна според нивните желби.

Погледот е извонреден, а ноќта со голо око се гледа и Млечниот пат.