Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Народ кој живее до 120 години, а раѓа и во 65-та

Припадниците на народот Хунзи секогаш се насмеани, витални и цврсти. Изгледаат толку младолико, што многумина се шокираат кога ќе слушнат за нивните години.

Тие како да се од друга планета, а не се. Хунзите живеат на планините во северен Пакистан, ги има околу 87.000, а посебни се по тоа што живеат просечно по 100 години, но многумина од нив без проблеми доживуваат и 120. Поедници живееле и по 160 години. Ретко се болни, не знаат што е тоа тумор, изгледаат многу младолико, а нивните жени раѓаат и на 65 години.

Тие се жив доказ дека исхраната и начинот на живот влијаат на човекот. Хунзите се бањат во студена вода, дури и ако температурата е под нула степени. Јадат само она што го одгледуваат – храна со свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови, сушени кајсии, разни житарки, овчо сирење, млеко и јајца.

Многу се движат, малку јадат

За нив меѓуоброци нема, само појадок и ручек. Многу пешачат, од 15 до 20 километри дневно. Месо јадат многу ретко, два пати годишно малку јагнешко и пилешко. Исто така, многу се смеат.

Еден дел од годината во траење од два до четири месеци не јадат ништо, туку пијат само сок од сушени кајсии. Тоа кај нив е традиција која строго ја почитуваат, а се одвива во периодот од годината кога овошјето се уште не е зрело. И лекарите велат дека токму начинот на нивната исхрана и периодите на гладување се заслужни за доброто здравје и долговечност. Всушност, навиката на консумирање големи количини кајсии е заслужна за заштита од тумори. Семките на кајсијата се богати со витамин Б17 кој делува антиканцерогено, а тие од семките прават масло. Таму дури семејствата се натпреваруваат колку стебла кајсии ќе засадат на своето земјиште. За жал, денес и меѓу нив доаѓа нездрава индустриска храна, па им се појавува кариес и стомачни тегоби, кои претходно им биле непознати.

Овој витален и издржлив народ за себе вели дека се потомци на Александар Македонски и неговата војска. Некои од нив останале во своите села и се ожениле. Медиумите во 1984 година пишуваа за Саид Абдул Мобаду, припадник на Хунзите, кој на лондонскиот аеродром ги збунил службениците покажувајќи им го пасошот. Во него пишувало дека е роден 1832 година.