Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Атлантида постоела и се наоѓала на копно?

Многу луѓе со векови веруваат дека Атлантида е потоната во море, поради што истражувачите главно ја бараат во околината на средоземните острови. Меѓутоа, сега идејата на Платон за древниот град е под знак прашање бидејќи еден експерт за компјутери тврди дека ја пронашол на копно, и тоа во Мароко.

Мајкл Хабнер тврди дека Атлантида е погодена од цунами, поради што нејзините остатоци во близина на крајбрежјето Маракеш никогаш не се пронајдени.

Овој Германец дошол на идејата користејќи се со математички пресметки за да добие прецизни ГПС координати на изгубениот град.

Беспрекорно ги проучил сите детали од Платон во кои се опишува Атлантида и кои даваат вкупно 51 траг за мистериозниот град.

Атлантида според тоа била во близина на морето и имала структура слична на прстен околу центарот. Се наоѓала на речиси 50.000 километри од Атина.

Според други траги, древниот град не можел да се наоѓа во Европа, ниту на Блискиот исток, што ја стеснува локацијата на северот од Африка. Платон пишува и за високи планини, што се поклопува со Атласот во Мароко, а се споменува и дека се наоѓа „западно од Етиопија и Етрурија“.

Користејќи ги овие детали, Хабнер внел параметри во компјутерската програма и ги применил на мапа поделена на 400 квадрати.

Најмногу траги се поклопиле со локацијата Сус Маса во Мароко, околу 150 километри јужно од Маракеш.

Потоа ги забележал ГПС координатите и отишол самиот да го истражи местото. Открил изненадувачки многу детали кои се опишани во делата на Платон пред 2.600 години.

Хабнер смета дека сите траги кои наведуваат дека Атлантида всушност се наоѓала на копно, никако не можат да бидат случајност.

Писателот Марк Адамс во книгата „Meet me in Atlantis“ смета дека Хабнер е во право и дека Атлантида не потонала, туку ја прекрил џиновски бран.

Инаку, областа Сус Маса е склона на земјотреси кои можат да предизвикаат и разорно цунами.

Хабнер тврди дека опишаното исчезнување на Атлантида во морето е изменета верзија на вистинската приказна, која е изгубена низ годините на усно пренесување.

Хабнер ја формулирал својата теорија во 2008 година. Пред да почине во 2013, се запознал со Адамс и му дал прецизни координати од наводните остатоци на градот. Писателот неодамна ја објави книгата врз основа на неговите белешки.

Се уште нема реакции од релевантните археолози на оваа теорија.


Можеби ќе ве интересира