Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Дали Макс и нејзините гради ќе предизвикаат проблеми кај муслиманите?

Американската компанија American Apparel веќе неколку месеци се обидува да го привлече вниманието на своите производи со „шок кампањи“.

Од 62-годишни модели до возрасни кукли во излозите, компанијата доби солиден третман во американските и странските медиуми, а тоа може да им појде од рака и со новата реклама.

Станува збор за едноставна фотографија на која се наоѓа девојка со разголени гради преку кои пишува „Made in Bangladesh“.

Девојката се вика Макс и работи за компанијата од 2010 година. Доаѓа од конзервативно муслиманско семејство, а кога таа имала 4 години, нејзиното семејство од Дака се сели во Калифорнија.

Во текот на целото детство се придржувала до строгите правила, но по завршувањето на средното училиште почувствувала потреба да ги напушти ригидните ставови кои и ги наметнале родителите и да го побара сопствениот идентитет.

Намерата на компанијата очигледно е да ја раздрма муслиманската заедница, а дали голите гради ќе бидат доволни за тоа, ќе покаже времето.