Петок, 21 Септември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Зошто мажите се повлекуваат?

Токму кога ќе помислиш дека имаш зелено светло, нешто се случува и се вклучува жолтото.

Мажите се чудни суштества, а ова се најчестите причини поради кои се повлекуваат:

Премногу, прерано

Многу мажи на почетокот не се сигурни дали воопшто сакаат врска или не, а доколку почувствуваат дека ти практично си се „вдомила“ и дека се однесуваш како долго време да сте во врска, ќе се почувствуваат загрозено и ќе се повлечат. Со нив треба да се има трпение – полека и сигурно, како во авто школа.

Притисок

Првиот секс во врската не им создава притисок, но секој друг начин на кој се обидуваш да ја однесеш врската на ново ниво, ќе го уплаши мажот. Најдобро е да оставиш се на него, па сам нека одлучи кога е време работите да се променат, инаку ќе исчезне.

Лични причини

Некои мажи едноставно во одреден момент не се подготвени за врска. Недостаток на слободно време, страв од нова врска или фактот дека се уште доволно не ја преболил бившата, се најчестите причини поради кои се оддалечуваат од нас, а во секој од овие случаи, подобро е да ги пуштиме.