Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Зборувањето за секс за време на секс гарантира одличен секс

Ако не ви е непријатно да разговарате за секс со вашиот партнер, тоа е добро за вашиот сексуален живот и воедно ви го подига нивото на задоволство. Барем така покажува најновото истражување.

Луѓето кои не се срамат да зборуваат за секс, нема да имаат проблеми ниту да комуницираат со партнерот за време на самиот чин. Сепак, тој факт не објаснува во целост зошто зборливите луѓе се и позадоволни од својот сексуален  живот.

Истражувачите сметаат дека анксиозноста  многу може да влијае на фокусирањето и исто така може да го намали задоволството за време на водењето љубов.

„Доколку постои непријатност при комуникацијата, тоа ќе влијае и на комуникацијата во креветот, што е директно поврзано со нивото на задоволство“, објаснува Елизабет Бабин, експерт за здравствена комуникација на Универзитетот Кливленд во Охајо, каде што е спроведено и ова истражување.

Кога и на кој начин луѓето разговараат за секс, е важно за здравјето. Пример се луѓето на кои им  е непријатно да го прашаат партнерот дали има кондом, бидејќи се наоѓаат под голем ризик од полно преносливи болести.

„Иако знаеме дека комуникацијата претставува клучен фактор за пријатни сексуални искуства, малку се истражувањата кои се обиделе да одговорат на прашањето зошто луѓето малку зборуваат за тоа што го сакаат или не го сакаат во креветот“, смета Бабин.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека недостатокот на разговор за секс може да расипе нечие сексуално уживање. Исто така, постојаната анксиозност во односот со партнерот е поврзана со помалку комуникација во креветот и со самото тоа и со помало задоволство. Докажано е дека разговорот донесува поголемо сексуално задоволство.

„Првенствено станува збор за невербална  комуникација, која е повеќе поврзана со задоволството отколку со вербална комуникација. Зошто? Невербалните знаци можат да изгледаат некако посигурни. Невербалните гестови или движења на телото можат да бидат помалку опасни, па затоа е полесно да воздивнувате или да се преместите во поудобна позиција, отколку да кажете тоа е добро, ми се допаѓа. На некои луѓе тоа им изгледа премногу директно. Сексуалната комуникација е вештина и уште ја немаме сите совладано“, заклучува Бабин.