Вторник, 23 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Неверство: Зошто најчесто ја обвинуваме „другата“?

Кога ќе помислите на љубовниот триаголник Анистон-Пит-Џоли, кого најпрво ќе го обвините за целата ситуација? Мажите ќе го поддржуваат Бред Пит, а повеќето жени, свесно или несвесно, ќе сочувствуваат со Џенифер Анистон и ќе ја обвинат Анџелина Џоли.

Најлесно е само да се обвини таа другата, и во целост да заборавиме на улогата на мажот во целата приказна. Експертите за врски велат дека жените најчесто ја префрлаат вината на другата жена од овие причини:

1.Веруваме дека меѓу жените постои код, кој наложува дека туѓи мажи не смеат да се допрат.

2.Мажот кој што не изневерил многу често бил наша поддршка, а новата жена не, па полесно е да ја обвиниме неа.

3.На другите жени гледаме како на закана, па ако дојде до неверство, само ја потврдуваме сопствената параноја.

4.Него го сакаме, а неа не ја познаваме, па полесно ни е да ја насочиме омразата кон неа.

5.Убедени сме, ако таа исчезне, ќе исчезне и проблемот.

6.Полесно ни е да замислиме дека таа некако го натерала на неверство, отколку да помислиме дека тој е неверен гад.

7.Да ја мразиме неа е многу полесно отколку да собереме храброст и да го оставиме него.

Доколку после неверството се уште мислиш дека е тој светец кој по игра на случајност се нашол во ваква ситуација, преиспитај ги своите принципи.