Среда, 21 Ноември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Крвната група го открива вашиот љубовен живот

Токму кога помисливме дека сме слушнале се, дознаваме и за помалку необичното верување во Јапонија.

Јапонците веруваат дека крвната група е подеднакво заслужна за поединечни карактеристики на луѓето исто како и хороскопскиот знак, односно дека со помош на крвната група  може да се открие и љубовниот живот на поединците.

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и резервирани. Добри партнери се и на нив секогаш можете да се потпрете. Најверојатно не се премногу забавни во кревет, но тоа го надополнуваат со одличните вештини за социјализација и се одлично друштво за вечера. Знаат да дадат емоционална поддршка, одлични родители се и добро се снаоѓаат во стресни ситуации.

Група Б

Кратко и јасно: диви, страствени, креативни, силни. Во врска се: ужасни, себични и неодговорни, но токму тоа понекогаш го бараме.

Група АБ

Ладни глави, смирени, рационални луѓе со силно изразена друштвена нота. Лесно се прилагодуваат во било која ситуација. За врска се одлични, но на едно морате да бидете подготвени – луѓето со оваа крвна група никогаш нема да возвратат љубов во иста мерка со која ќе ја земаат. Најголема маана им е преголемата критичност.

Група 0

Друштвени и оптимистични, припадниците на оваа крвна група лесно ќе се согласат со сите предлози и нема премногу да инсистираат на своето. Топли личности се кои сакаат да се галат, а тоа го комбинираат со одличното чувство за романтика. Но, имаат и неколку лоши страни: љубоморни се и арогантни, па затоа не изненадува што мислат дека имаат право да „копаат“ по мобилниот на својот партнер.