Петок, 21 Септември 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Три зборови што ги мразат мажите

Очигледно е дека мажите и жените комуницираат на различни начини, но полето на машко – женската комуникација и понатаму е интересно за научниците. Последното истражување покажало некои изненадувачки резултати. Доколку обрнете внимание на она што го говорите, можеби ќе ја поштедите вашата врска од непотребни компликации.

Се што треба да направите е да ја избегнете синтагмата: „Мораме да разговараме“. Оваа фраза предизвикала илјадници раскинувања и многу е веројатно дека ќе го подигнете притисокот на партнерот кога ќе му се обратите со овие зборови.

Според едно истражување, 89 отсто од мажите помислуваат на „најлошото“ кога партнерката ќе им рече дека „мораат да разговараат“. Додуша, исто реагираат и 61 отсто од жените.

Многу е подобро разговорот да го започнете на друг начин. Експертите мислат дека клучот е во агресивниот напад. Секако, кога велат „агресивен“, не мислат на насилство. Станува збор за тоа дека директно му се обраќате на партнерот и не отстапувате од својот став.

Важно е да се спомене дека 40 отсто од мажите признаваат дека ја губат контролата над емоциите во текот на жолчната расправија, па можеби се трудат да не поштедат од непотребниот стрес.

Исто така е важно никогаш да не ги ставате проблемите под тепих и да не се оддалечувате од партнерот, бидејќи во спротивно можеби ќе припаѓате на една од 32 отсто од жените или 28 отсто мажи кои не сакаат секс со партнерот, доколку со него немаат добра комуникација.