Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Ве молам, нека ме отклучи некој!

Новогодишната одлука за девственост на една 40-годишна Италијанка од Падова се претворила во ноќен кошмар.

Појасот на невиност е средновековна направа за „зачувување“ на невиноста на младите девојки, за да не „подлегнат на страстите“.

Станува збор за тежок метален појас со катанец за кој постои клуч, секако.

Меѓутоа, една Италијанка за својата одлука да остане невина горко зажалила кога клучот од својот појас го изгубила, па морала на помош да ги повика пожарникарите!

Испаничена, ја повикала најблиската пожарникарска станица, но не објаснила веднаш за што се работи, туку рекла дека ги изгубила клучевите од станот, пишува весникот Матино ди Падова.

Дури кога дошле во нејзината куќа, пожарникарите сфатиле дека проблематичната брава не се наоѓа на влезната врата, туку под облеката на дамата.

Работата брзо била решена со сечење на интимниот катанец, а како совесни професионалци, пожарникарите ја испрашале жената дали била жртва на насилство и дали била принудена да го носи железниот појас.

Таа им одговорила дека само сакала да се принуди себе си на сексуална апстиненција.