Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Руски педијатар советува што треба да направите за детето да биде самостојно

Педијатарот чии што совети ги слуша целиот свет, доктор Комаровски, месечно одговара на прашања на родителите, а ние ви пренесуваме еден негов одличен совет.

На прашањето како детето да се научи на самостојност, доктор Комаровски одговара:

Кога детето ќе се обиде да направи нешто само, треба да се мешате тогаш кога тоа ја загрозува неговата или нечија друга безбедност или здравје. Во спротивно, детето треба да го пуштите се само да прави, да греши, да се обидува, а кога ќе го добие саканиот резултат треба да го пофалите. Акцентот се фрла на тоа дека детето успеало тоа и тоа да го направи само. Тоа е клучниот момент во учењето детето да биде самостојно и независно.

Секако, праксата на „немешање на родителите“ е особено применлива кога детето веќе го има запознаено светот околу себе и настојува се да прави само. Меѓутоа, има разни деца – има деца кои на десет години трпеливо чекаат мама да им ги облече патиките.

Во тој случај мораме да се свртиме кон поинакви закони на педагогијата, кон оние кои се сведуваат на тоа дека родителите не смеат под влијание на детското „не сакам“ да се откажат од својата одлука.

Сакаш да одиш надвор, но не сакаш да си ги облечеш патиките? Сакаш да јадеш, но не сакаш да си ја држиш вилушката? Што да правам, големи се шансите да не одиш надвор и да бидеш гладен.

Тоа не е суровост туку привикнување на детето на реалниот живот, во кој утре нема да има многу такви лица кои во секој час и без приговор ќе му бидат на располагање.