Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


После 60 години го поронашла својот син преку Фејсбук

Јела Шолиќ (92) од Хрватска последен пат го видела својот син Данко пред 60 години, кога имал само шест години. Нејзиниот сопруг од политички причини заминал од тогашна Југославија во Канада, а со себе го понел и малиот Данко.

„На баба ми и било многу тешко кога отишле. Таа вели дека ја напуштиле државата без нејзе да ја прашаат, па затоа немала начини да го сопре својот сопруг. Нејзиниот втор син, мојот татко, останал со неа“, вели внукот на Јела, Даниел Павлиќ, за „Croatia week“.

Како одминувале годините така меѓу раздвоеното семејство се изгубил контактот. Иако семејството Павлиќ знаело дека Данко е во Канада, не знаеле каде точно живее. Но кога ја откриле Фејсбук групата „So you know you’re a Pavlic“, преку неа успеале да ја пронајдат и да контактираат со ќерката на Данко.

„Најпосле дознав дека Данко со сопругата и децата живее во Ванкувер. После тоа контактирав со неговата ќерка“, раскажува Даниел.

Данко бил возбуден кога слушнал за нив и многу сакал да ја види својата мајка, макар и преку Скајп. Ноќта на Бадник баба Јела и Данко најпосле се виделе и долго разговарале.

Пресреќниот Данко има намера да ја посети својата мајка за нејзиниот 93-ти роденден во јуни. Даниел, кој инаку е директор на Филмскиот центар во Домот на култура во Сисак, планира да сними документарен филм за оваа приказна.