Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Нагазил до „даска“ на влажен асфалт и летнал 4 метри во воздух (Видео)

Застрашувачката сообраќајна несреќа од видеото, за среќа не завршила со смртен случај, иако автомобилот во еден момент се наоѓал дури четири метри во воздухот.

Возачот на поршето нагазил до „даска“ на влажниот асфалт и откако изгубил контрола, летнал неколку метри во воздух, се свртел и паднал назад на патот.

Несреќата се случила во вторник во централниот дел на Русија, на автопат од излезот на Новосибирск.

За жал, ниту возачот ниту неговиот совозач не биле врзани, па се превезени во болница со потешки повреди.