Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Пијаните возачи ќе станат минато

Проблемот со возачи под дејство на алкохол е присутен од кога постојат автомобилите, но освен апелите до возачите да не седнуваат позади волан во алкохолизирана состојба и казнените мерки за оние кои полицијата ќе ги фати, се уште не е смислен вистиснки одговор на ваквото однесување во сообраќајот.

Тоа наскоро би можело да се промени со воведување систем во автомобилите кој открива присуство на алкохол во органзимот на возачот и кој оневозможува движење на возилото ако во него се наоѓа пијана личност.

Една од првите земји која би требало да почне со примена на оваа технологија се САД.

Американската Национална агенција за безбедност на сообраќајот (NHTSA) работи на технологија за детекција на алкохолизирани возачи уште од 2008 година, а на почетокот на јуни објави видео во кое се објаснети основните принципи на работа на овие системи.

Во моментот, во фокусот се два система. Првиот функционира во вид на алкометар и открива присуство на алкохол во здивот на возачот, додека вториот нивото на алкохол го мери преку прстот на личноста која седи позади воланот.

И двата система можат да го мерат степенот на алкохолизираност над знакот на дозволената граница, а во случај на позитивен наод, автоматски го оневозможуваат стартувањето на моторот на возилото.

Се проценува дека еден ваков систем би бил подговтвен за вградување во новите автомобили ко исе продаваат во САД веќе во 2018 година, по што би можел да стане задолжителен дел од опремата на сите нови возила во оваа земја.

Во меѓувреме, инженерите ќе мора да отстранат некои практични недостатоци на овие системи. Пред се, мора да пронајдат начин како да го спречат возачот да ја „измами“ технологијата.

Бидејќи, како што стојат работите, наместо оној кој се наоѓа позади воланот, било кој од трезните патници би можел да го излаже системот, така што би дувнал во детекторот или би го ставил својот прст на сензорот.