Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Кој се прави на „Тошо“ во ракометната репрезентација?

Предвидувањата дека македонскиот ракометен состав не е наштиман како што треба се по вистинити.

После  европското првенство во Србија имаше шпекулации дека постои поделба меѓу играчите. Слични на таквите информации се повторуваат и по пресметката со Австрија. По излегувањето на македонскиот голман Борко Ристовски од игра во деветтата минута и седењето на клупата се до крајот на натпреварот остана енигма зошто не се врати на голот. Диригентот на екипата Шундовски повторно не знае ништо.

Ристовски цело време беше нервозен на клупата за резерви, а не помогнаа ниту молбите од стручниот штаб да се смири. Неофицијално, Борко имал некој вербален дуел со соиграчот од одбраната Велко Марковски, по што демонстративно го напушти теренот и не се врати во игра.

„Видов дека имаше некое недоразбирање. На полувреме не разговарав за тоа со Ристовски, но ќе разговараме со него за ова во секој случај. И мене ме изненади таа ситуација што се случи. Кога го видов дека е нервозен, јас решив да не го ставам повеќе во игра“, застана селекторот Шундовски во одбрана на својот голман.

Како и да е, посакуваме репрезентацијата во Виена да замине со позитивна атмосфера и повторно ракометарите да издвојуваат победа, со што ќе се оствари и сонот на македонската публика наречен Светско првенство во Шпанија 2013.