Сабота, 21 Април 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Германија последната препрека во првата фаза-Велко Марковски ќе го менува Филип Лазаров

По две одиграни маестрални игри на нашите ракометари останува последната препрека во првата фаза од ЕП, а тоа е репрезентацијата на Германија која за многумина неправедно доби бод, со помош на судиите во натпреварот со Словенија.

Нашите ракометари изјавија дека нема да се предадат против силната Германија и дека ќе дадат се од себе за освојување на првото место во групата што ќе значи освојување на 4 бодови и можност за висок пласман.

Вечерва Раул Гонзалес е принуден да ја направи и првата измена во составот. Нашиот лев бек Филип Лазаров се пожали на повреда на задната ложа и нема да биде во составот на нашата селекција на средбата со Германија. На негово место во составот ќе го видиме специјалистот за одбрана Велко Маркоски.

Дополнителните испитувања ќе ја покажат сериозноста на повредата на Филип Лазаров, иако на прв поглед се добива впечаток дека сепак се работи за поситен проблем.

Да им посакаме успех на црвено-жолтите момоци и уште еднаш да ја израдуваат македонската публика.