Четврток, 26 Април 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Македонија ја победи Црна Гора за пласман во следната фаза на ЕП

Потешко од очекуваното, но сепак на крај црвено-жолтите славеа со 29:28 над Црна Гора и обезбедија пласман во следната фаза од ЕП во Хрватска.

Со вечерашната победа нашата репрезентација е на првото место во групата со освоени 4 бодови пред Германија со 3 и Словенија со 1 бод. Почнавме тешко, на олувреме успеавме да фатиме приклучок, но кога беше најпотребно нашите покажаа квалитет, за на крај сите повторно да се радуваме. Останува во  последниот натпревар од првата фаза да ги одмериме силите со Германија, без никаков притисок.

Играч на натпреварот беше избран Филип Кузмановски кој беше и стрелец на натпреварот. Селекторот Гонзалес истакна дека денешниот натпревар беше исклучително тежок, но најбитно е тоа што ние го добивме. Голманот Борко Ристовски кој имаше одлична интервенција на самиот крај од напреварот рече дека очекувал овој натпревар да биде потежок од претходниот со Словенија, поради притисокот што значи пласман во следната фаза. Тој се заблагодари на цела Македонија за подршката и на навивачите во арената во Загреб.