Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Да го почнеме ЕП во Хрватска со победа

Македонските ракометни херои вечерва од 19:30 часот во Загреб, стартуваат против бронзените од последното светско првенство. Избраниците на Раул Гонзалез пред себе ќе имаат тешка задача да го совладаат тимот на Веселин Вујовиќ, кој важи за фаворит во денешниот дуел, но факторот изненадување секогаш е во игра.

Можеби вечерва за прв пат нашиот тим ќе успее да го започне мундијалот со победа. До сега имаме три порази и едно реми на стартот на првенствата. Во 1998. година стартувавме со убедлив пораз од Унгарија (29:20). На вториот настап, во Србија 2012. година, започнавме со реми против Шведска (26:26), за потоа да славиме победи против Полска, Србија и Словенија кога го освоивме петтото место, најдобар пласман во нашата историја.

На следните две Европски првенства, во Данска загубивме од домаќинот со убедливи 29:21, а истото ни се случи и во Полска каде игравме против Франција и забележавме пораз од 30:23. Нека биде вечерва првата победа за Црвено-жолтите.

Македонските херои имаат одиграно пет мегусебни натпревари со вечерашниот противник и имаме негативен ефект. Една победа, две нерешени и два порази е односот на силите со Словенците.

Да им посакаме среќа на нашите избраници и да го започнеме мундијалот со победа!!!