Сабота, 20 Јануари 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Чудна изјава од хрватскиот капитен пред стартот на првенството

Ракометарите на Хрватска вечерва во 20:30 часот ќе го одиграат првиот натпревар од Европското првенство против Србија во распродадената Spaladium Arena.


Тимот на Червар е голем фаворит во Сплит против тимот кој загуби пет пријателски натпревари пред шампионатот.

„Србија е многу незгоден тим и многу ги почитувам, не можеме да ги потцениме, единствената предност е тоа што играме пред наша публика“, рече хрватскиот капитен Игор Вори.


Тој додаде дека тоа што Србија изгубиле пет натпревари е обид да ги вознемири. Вакваа изјава ги разбуди дел од српските медиуми, а Блиц ја коментираше приказната со наслов „Каква теорија“.