Понеделник, 16 Јули 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


На провокацијата со грчкото знаме од трибината, Македонија убедливо ја порази Србија на терен

Македонската ракометна репрезентација  одигра одличен натпревар во Белград, совладувајќи ја селекцијата на Србија со резултат 32:29.  Гонзалес со многу комбинации преку целиот натпревар имаше контрола над играта. Гоце Георгиевски денеска беше незапирлив и беше најефикасен на натпреварот со 8 голови.

Гонзалес се реши за нешто поразличен стартен тим од вообичаено, со Ојлевски наместо Манасков на лево крило и Митревски како прв голман пред Ристовски. Во одбраната стартувавме со зона 5-1 со Георгиевски како најистурен во зоната.

Во првите 390 минути на голот одличен беше Митревскисо шест интервенции за петнаесетина минути, а најрасположен беше кај противникот Марсениќ.

На полувреме нашите Црвено-жолти заминаа со минимална предност од 13-14.

Во второто полувреме Гонзалес направи неколку замени, Ристовски застана на голот, Поповски почна на десно крило наместо Георгиевски, Кузмановски се приклучи на бековската позиција, а Пешевски го замени Стоилов. Токму Пешевски беше во главна улога на стартот од второто полувреме, во кое во првите десетина минути го контролиравме резултатот, одржувајќи водство меѓу еден и два гола. На петнаесет минути до крајот Македонија водеше со 19-21, кога Кузмановски доби исклучување, но и со играч помалку одигравме одлично, поведувајќи со 20-23.

До крајот на натпреварот забележителен беше напредокот во играта, за на крај да резултира со победа од 32:29. Посакуваме избраниците на Гонзалес да продолжат во Хрватска на ЕП во уште посилно темпо.

Инаку моожеби најмногу што бодеше во очи од салата во Белград вечерва беше грчкото знаме кое беше поставено веднаш до српското, сигурно како провокација од домашните фанови.