Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Македонија поразена во осмина-финалето од Норвешка

Иако на крај бевме убедливо поразени со 34:24, сепак барем до првите 30 минути помисливме дека можеме да направиме подвиг и да се пласираме меѓу осумте најдобри репрезентации.

Сепак како што кажаа и дел од нашите ракометари после натпреварот голема трага на овој натпревар оставија отсуството на Миркуловски и Манасков и покрај карактереот и желбата на останатите ракометари. Во првиот дел игравме рамноправно и покрај многуте промашени зицери и неколкуте одбрани на противничкиот голман. Имавме шанса да отидеме на полувреме со позитива но сепак Норвешка по првите триесет минути имаше предност од два гола, 12:10.

Во вториот дел почнавме лошо, со многу технички грешки па Норвешка со секој напад го зголемуваше водството. Македонија во текот на вториот дел падна и физички, на сцена дојде уморот, а Норвешка не знаеше да промаши. На крај убедлива победа за Норвешка 34:24.

како што и самите ракометари ситакнаа, не треба да жалиме за ништо, бидејќи целта беше остварена со влезот во осмина-финалето и добриот резултат и освоеното трето место во групната фаза. Македонија на оваа СП покажа добра игра во натпревари против силната Шпанија и Исланд. На крај СП во Франција го завршивме со две победи, еден нерешен резултат и три порази. Останува и понатаму да продолжиме да ги бодриме црвено-жолтите и оваа подмладена репрезентација.