Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Шпанија ја победи Македонија во второто полувреме

Македонските ракометари го отворија второто полувреме со голот на Марковски, по што Шпанците вратија со два гола. Во 42 минута црвената фурија зголеми на плус три и го одржуваше до крајот на натпреварот.

Нашите ракометари и во вториот дел ни претставија уште еден атрактивен погодок, овојпат од Миркуловски. На крај шрвено-жолтите изгубија со 25:29, но тоа што треба да се истакне е фактот што Македонија можеби го одигра и најдобриот натпревар против фаворизираната Шпанија. Несопирлив вечерва за нашиот тим беше  Валеро Ривера кој постигна 11 голови.

На крај бодовите за Шпанија аплаузите за играта за Македонија. Утре нашите го играт можеби и клучниот натпревар против Исланд, за избегнување на Франција како противник во осминафиналето. Останува да ги бодриме нашите момци и во утрешниот натпревар со надеж дека ќе ја повторат денешната игра.