Сабота, 25 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Македонија го одигра најдоброто полувреме против Шпанија

Црвено-жолтите ги одиграа најдобрите 30 минути на СП против големата Шпанија, која пред натпреварот важеше за голем фаворит. Нашите ракометари одлично го започнаа натпреварот и во првото полувреме имаа контрола и на играта и на резултатот.

 

 

Шпанците единствено имаа три разлика со 8:5, но на ист начин вратија и нашите ракометари, кои на 5 минути пред одморот имаа три гола предност, 14:11. Капитенот Кире Лазаров направи атракција на двапати со цепелин постигнувајки гол, најпрво со Манаско,в а потоа со Георгиевски, со што ја дигнавме салата на нозе.

На полувреме имавме шанса да одиме со предност, но сепак во вториот дел ќе одиме со резултат 14:14. Да им посакаме среќа на нашите момци да издржат и во вториот дел, а на крај да биде изненаден големиот фаворит.