Понеделник, 22 Октомври 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Илиевски поднесе кандидатура за претседател на МКФ

Поранешниот македонски репрезентативец, Владо Илиевски денес ја поднесе својата кандидатура за нов предводник на македонската кошарка.

Илиевски побара свикување на собрание на кое би се гласало за смена на актуелниот претседател на Македоската кошаркарска федерација, Петар Наумоски.

Преку својот „Фејсбук“ профил Илиевски објави фотографија од пред МКФ и напиша:

Иницијативата е поднесена,….продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија.

Претходно во јавноста и по социјалните мрежи кружеа информации дека Илиевски нема подршка од своите струмичани за да биде претседател на МКФ. На ваквите информации Илиевски кусо одговори дека верува оти ќе ја добие поддршката од мнозинството клубови.

Од управата на струмичкиот кошаркарски клуб изјавија дека застанале зад иницијативата за смена на актуелното раководство на КФМ предводено од Пеце Наумовски. Од таму истакнаа дека доколку се реализира вонредно собрание и доколку на актуелното раководство  му се изгласа недоверба дури тогаш може да се разговара за тоа  кој се, има амбиции да биде нов претседател на федерацијта.

Од управата на клубот велат дека на изборот мора да му претходи постапка во која и Владо Илиевски а и сите други кои ке имат амбиција за претседател на федерацијата ќе треба да презентираат своја програма и тим а клубовите да си одлучат чија програма е најдобра и на кој кандидат најмногу му веруваат.