Вторник, 21 Август 2018

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


Модриќ призна дека затаил данок

Лука Модриќ заедно со својата сопруга треба да се појави во Мадрид пред истражниот судија Гонзалес Салгадо заради неплатен данок од  870.728 евра.

Тие се осомничени за создавање фиктивна компанија во Луксембург за да избегнат плаќање данок во 2013 и 2014 година. Причината е дека корпоративниот данок во Луксембург може да се намали на само еден отсто, додека во Шпанија тој изнесува 30 отсто и според сегашните критериуми може да порасне  до 51 процент.

Шпанските даночници се сомневаат дека износот може да биде и поголем, поради што обвинителството ги истражува сметките на Модриќ во даночниот рај на островот Ман, кој се наоѓа помеѓу Ирска и Велика Британија.

„Ел Мундо“, објави дека Модриќ нема да заврши в затвор бидејќи се спогодил со обвинителството и веќе уплати еден милион евра, што според Шпанците е знак дека сака брзо решавање на случајот.

Фото: Елмундо