Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk


ФК Шкендија е подготвена за утрешниот предизвик Дачија од Молдавија

Очекуваме полни трибини иако не играме на домашен терен, подготвени сме за предизвикот ја респектираме Дачија, но и веруваме исто така во квалитетот на нашиот тим.

Вака денеска од Струмица најави тренерот на ФК Шкендија, Ќатип Османи,  пред утрешниот натпревар во новиот европски поход од Лигата на Европа.

Капитенот Хаани потенцираше дека во оваа натпреварување нема лесни проивници но како што кажа тој верува во Шкендија и во големи успеси.

- Сигурно дека на првиот напревар нема да биде решен двомечот, но ние посакуваме да оствариме предност пред реваншот во Молдавија. Имаме нов тренер и ќе се обидеме да ги имплементираме неговите идеи на теренот. Го респектираме противникот и сме подготвени за предизвикот, рече капитенот Ферхан Хасани.

Утрешниот натпревар помеѓу ФК Шкендија и ФК Дачија ќе се одигра на градскиот стадион Младост во Струмица со почеток во 18 часот.