Среда, 22 Ноември 2017

  • Facebook: famamk
  • FeedBurner: fama/rss
  • Twitter: famamk

ИНТЕРВЈУ

  • Стојанче Ангелов: Ова е понижување на целиот македонски народ

    Лидерот на Достоинство ќе се обиде со сите демократски средства да го принуди новиот министер за одбрана Талат Џафери да се повлече од функцијата. Вели дека е национално предавство да се постави човек на чело на армијата кој бил командант на УЧК и се борел против македонските бранители. Неговиот гнев е поголем кон премиерот Никола Груевски кој предложи токму командантот Форина да застане на чело на Армијата. Седнавме наспроти Генералот Стојанче Ангелов да ја слушнеме неговата приказна.

  • Зоран Заев: Струмица е моето презиме

    Официјално е првиот промовиран кандидат за градоначалник во Македонија: со гордо срце го бара третиот мандат од своите сограѓани. Човек со визија за Струмица, модерен и иновативен, кој вели дека императив во неговиот живот е просперитетот на родниот крај.

  • Татјана Алексиќ: Можете да сте среќни и без оргазам, но без љубов никако

    Човек кој знае да сака, друго и не треба да прави! Се што сакам, правам со љубов! Не мора лично да ја познавате, само еден поглед е доволно да се уверите во вистината на овие зборови. Среќна мајка на два сина, професорка по македонски јазик заради која сите ученици повеќе го сакаат училиштето, препознатлива појава во медиумскиот простор.

  • Игор Милошевски: Превенција преку релаксација и релаксација како превенција

    Во време на алергиски реакции, настинки и вирози, загаден воздух и живот исполнет со стрес, вистинското решение за опуштање, релаксација и подобрување на вашето психофизичко здравје ви го нуди Хало Спа Центарот за превенција, дијагностика и третман со природни терапевтски методи „Халомедика“.

  • Војо Цветановски: Од Чаплин секогаш ќе учам

    Режисерот Војо Цветановски е еден од ретките уметници во Македонија кои се занимаваат со пантомима – невербална театарска форма која на сатирично-комичен начин го транскрибира нашиот универзум. Освен тоа, неуморно работи на продукција на театарски претстави преку Театарот од 2-иот кат којшто е негов личен проект.

  • Елена Лука: Секое парче облека е материја на која дизајнерот ѝ дава душа

    Таа е вистински професионалец и целосно ужива во работата. За модата вели дека е автентична креативна форма преку која се изразува идентитетот на личноста. Верува дека секое парче облека поседува душа вдахновена од модниот креатор. Нејзиното мото е: Модерни и хумани.

  • Зоран Иванов: Со ѓаволот компири не се садат

    Долгогодишен новинар и аналитичар, во еден период задолжен за комуникација со медиумите во кабинетот на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, за денес повторно да го работи тоа со што и започна, новинарството. Токму за таа професија зборуваме со новинарот Зоран Иванов, домаќин на емисијата „Пресинг“ на Алфа телевизија.

  • Камка Тоциновски: Сакам да сум во некој резерват за животни во Африка, ама тоа ќе го оставам за пензионерските денови

    Од кафе муабет до приказната како младата Камка Тоциновски се издигна на театарското и филмското платно. Последното патешествие е Панкот не е мртов. Најновото е токму ова капучино кое ќе не врати назад во животот на ова млада но веќе препознатлива актерка.